• Ученичка компанија
  • За нас
  • Производи
  • Контакт
PTT SOLAR ENERGY
  • Ученичка компанија
  • За нас
  • Производи
  • Контакт

За нас

Ние сме дел од генерација „Z“ која сака да ги примени новите технолошки достигнувања во создавање на здрава животна средина преку користење на обновливите извори на енергија. Како најголем обновлив извор на енергија се јавува енергијата од сонцето која многу малку се користи во нашата земја. Токму затоа со нашиот проект ќе се обидеме да го смениме ова, широко споделувајќи ги предностите од користењето на сончевата енергија.
​
Со поставувањето на клупата со соларните панели сакаме да им покажеме на сите идни генерации дека постои алтернатива, дека дел од електрична енергија која до овој момент сме ја користеле од необновливите извори на енергија (пр. со согорување на јагленот во термоелектраните) сега можеме да ја добиеме од сонцето. Преку ваквото користење на сончевата енергија ќе се поттикне економскиот раст, ќе се создадат можности за нови вработувања, ќе се подобри благосостојбата на луѓето и ќе се придонесе кон создавање на здрава животна средина за сите нас.
Picture
Picture
Picture
Picture
Picture
Picture
Picture
Picture

Design thinking методологија

Picture
Проблем
Picture
Решение
Picture
Цел
Проблем

Загаденоста на воздухот поради доминантното учество на термоцентралите во производство на електрична енергија и застарената технологија на опремата која се користи во термоцентралите.
Решение

Со овој проект сакаме да ги охрабриме идните генерации се повеќе да се ориентираат кон користење на сончевата енергија преку нејзино претворање во топлинска и електрична енергија.
Цел

Зголемување на еколошката свест преку инсталирање на што поголем број соларни системи од страна на домаќинствата и претпријатијата со што ќе се поттикне развојот на економијата и претприемништвото во нашата земја.  
Powered by Create your own unique website with customizable templates.
  • Ученичка компанија
  • За нас
  • Производи
  • Контакт